Американскиот државен секретар Ентони Блинкен следната недела ќе ги посети Јапонија, Јужна Кореја и Индија, откако ќе направи мини-турнеја на Блискиот Исток, соопшти Стејт департментот.
Блинкен утре ќе го посети Израел, по што, во текот на викендот ќе замине во Јордан. Тој потоа ќе тргне на турнеја низ Азија, за време на која има намера да лобира за поголема поддршка за Украина во конфликтот со Русија и да ги унапреди американските интереси во азиско-пацифичкиот регион, каде Вашингтон се натпреварува со Пекинг.
Видете и ова: Блинкен во Тел Авив за да ја пренесе американската поддршка за ИзраелБлинкен во понеделник и вторник во Токио ќе учествува на состанокот на земјите од Г-7 и ќе се сретне со јапонските лидери. Во Сеул во среда и четврток, фокусот ќе биде ставен на предизвикот што го носи нуклеарно вооружената Северна Кореја и зајакнувањето на нејзините врски со Русија, се вели во соопштението од Стејт департментот.
Патувањето ќе го заврши во Индија на 10 ноември, каде американскиот државен секретар, заедно со секретарот за одбрана Лојд Остин ќе учествува на состанок 2+2 со нивните индиски колеги. Вашингтон ги зајакна врските со својот индиски партнер по неодамнешната државна посета на премиерот Нарендра Моди на Соединетите Држави.