Руската организација за човекови права „Меморијал“ призна тројца адвокати на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални за политички затвореници.
Адвокатите на Навални, Вадим Кобзев, Игор Сергунин и Алексеј се кривично гонети „во врска со нивните легитимни професионални активности насочени кон застапување на интересите на нивните клиент", соопшти Меморијал.
Тројцата адвокати беа приведени минатиот месец поради наводно учество во екстремистичка заедница поради нивната поврзаност со Навални и неговата фондација за искоренување на корупцијата. Потоа Судот ги испрати во истражен затвор на два месеци.
„Очигледно е дека целта на прогонот е да се заплаши правната заедница и да се осигура дека Алексеј Навални и другите обвинети и осудени во политички случаи ќе останат без квалификувана правна помош“, се вели во соопштението на Меморијал, јавува рускиот сервис на Радио Слободна Европа.
Московскиот градски суд на 4 август годинава му ја продолжи затворската казна на Навални на 19 години, по обвинение за екстремизам.
Навални, неговите сојузници, групите за човекови права и западните власти сметаат дека обвиненијата против Навални се политички мотивирани.