Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи ги повика муслиманските земји да го запрат извозот на нафта и храна во Израел, и побара да прекинат воздушните напади врз Појасот Газа, јавија светските агенции, цитирајќи државни медиуми.
„Бомбардирањето на Газа мора веднаш да престане, мора да се прекине рутата на извоз на нафта и храна за ционистичкиот режим“, рече Хамнеи во говорот цитиран од иранските државни медиуми.
Видете и ова: Странците и ранетите Палестинци почнаа да го напуштаат Појасот ГазаИзраел вети дека ќе ја уништи палестинската група Хамас, поддржана од Иран, која го контролира Појасот Газа, како одговор на нападите на 7 октомври врз цивили во јужен Израел, во кои загинаа 1 400 луѓе, а најмалку 240 беа земени како заложници.
Израелските сили почнаа да го бомбардираат Појасот Газа и воведоа целосна блокада на енклавата, при што палестинските власти објавија дека повеќе од 8 000 луѓе се убиени од почетокот на воздушните напади.
Иранските духовни водачи го предупредија Израел за потенцијална ескалација на конфликтот доколку не ја прекине својата агресија врз палестинскиот народ.