Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова вели дека се размислува за воведување на комунална полиција која ќе го казнува редовното фрлање на отпадоци од страна на граѓаните.
„Контрола има постојано. Јас мислам дека ни е проблемот казнувањето. Планираме една активност, како една нова мерка, да речеме, зборуваме подолго време да се воведе комунална полиција во државата. Таа ќе може на лице место да изрекува казна исто како што сообраќаен полицаец да изрече казна за сообраќаен прекршок на лице место, истакна министерката од тетовското село Туденце по теренска посета каде почнуваат работите за санација и регулација на коритото на горниот тек на река Вардар.
Таа потенцираше дека не е проблемот дали државата и локалните власти ќе интервенираат и ќе чистат, туку чистото така да остане. Особено тоа важи за местата како националните паркови, за каде е воспоставена пракса да се чистат депониите, но повторно се формираат.
Видете и ова: Никој не знае колку време бил складиран опасниот отпад во Ѓорче ПетровШукова рече дека долги години работи во Министерството и знае колку пари годините наназад државата како помош ги финансира локалните самоуправи за чистење на многу локации каде што имало диви депонии.
„Праксата покажува дека за неколку месеци исите локации повторно се полнат со отпад. Тоа е народно кажано фрлање на пари. Ако не се научиме дека таму каде што ќе исчистиме дека не треба повторно да фрламе отпад, ефектот на чистењето на дивите депонии е минимален“, рече Шукова.
Инаку во Туденце почна расчистување на речното корито на Вардар како една од мерките за спречување на поплави.