Меѓународната федерација на новинари (МФН) соопшти дека од 7 октомври кога почна конфликтот помеѓу Израел и Хамас, загинале вкупно 29 новинари.
Според МФН, најмалку 24 палестински новинари се убиени, неколку се повредени, а други се водат како исчезнати за време на тековните воени операции помеѓу Хамас и Израел во Појасот Газа.
Меѓународната федерација на новинари и Синдикатот на палестинските новинари (ПЈС) ги осудуваат убиствата и континуираните напади врз новинарите.
Видете и ова: Воздушен напад врз бегалски камп во Газа, најмалку 50 лица се загинати
МФН повикува на итна истрага за смртта на новинарите, почитување на меѓународните закони, при тоа потенцирајќи дека злосторствата против новинарите не смеат да останат неказнети.
Меѓународната федерација на новинари истакнува дека во израелските напади врз Либан, на 13 октомври убиен е еден новинар, а шестмина други биле повредени.
На седми октомври кога Хамас го нападна Израел загинаа најмалку четворица израелски новинари. Помеѓу заложниците на Хамас е и пензиониран 83-годишен новинар.
МФН ги потсетува новинарите на терен да преземат мерки на претпазливост, да носат професионална безбедносна опрема и да не патуваат без нивните медиуми да им ја обезбедат целата професионална безбедносна опрема потребна за покривање на настаните.
На 7 октомври Хамас го нападна јужен Израел. Како одговор, Израел возврати со воздушни напади над опколениот Појас Газа и формално му објави војна на Хамас.