На лицата помлади од 18 години им беше забрането да ја посетат овогодинешната изложба на World Press Photo во Будимпешта, откако десничарската популистичка влада на Унгарија утврди дека некои од нејзините фотографии го прекршуваат спорниот закон за ограничување на ЛГБТ содржината.
Видете и ова: Највисокиот суд во Индија одби да ги легализира истополовите браковиСетот од пет фотографии од филипински фоторепортер беа причина за ултрадесничарски унгарски пратеник да поднесе жалба до Министерството за култура на земјата, кое утврди дека тие го прекршуваат унгарскиот закон кој забранува прикажување на ЛГБТ содржина на малолетници.
Фотографиите, кои документираат заедница на постари ЛГБТ лица на Филипините, прикажуваат некои нашминкани членови на заедницата.