Израелската војска изврши воздушен напад врз бегалскиот камп Џебалија во северниот дел на Газа, изјави вечерва портпаролот на израелската армија, Ричард Хехт.
„Во таа област беше присутен и висок воен командант на Хамас“, изјави за Си-Ен-Ен портпаролот на израелската војска.
И портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел Хагари, потврди дека израелски воени авиони извршиле напад врз бегалскиот камп Џабалија во Газа, во кој, како што рече, загинал висок командант и се создал хаос во подземнатата инфраструктура на Хамас, пренесува Би-Би-Си.
Претходно, француската агенција АФП, соопшти дека тие се на местото на несреќата во кампот Џабалија во северниот дел на Газа, а снимките кои ги поседуваат, тврдат оти покажуваат дека од урнатините се извлечени најмалку 47 тела.
Видете и ова: Нетанјаху го отфрли прекинот на огнотМинистерството за здравство управувано од Хамас и директорот на блиската индонезиска болница соопштија дека во нападот загинале најмалку 50 луѓе.
Џабалија, камп лоциран на север, е најголемиот од осумте бегалски кампови во Газа. Повеќе од 116.000 палестински бегалци се регистрирани во таа област до јули 2023 година, јавува Би-Би-Си.
Заедно со кампот Шати, Џабалија се наоѓа во област која Израел ја прогласи за зона за евакуација.