Пописот на населението во Црна Гора одложен за еден месец

Прва седница на Владата на премиерот Милојко Спајиќ на која беше донесена одлука за одложување на пописот за еден месец. Подгорица, октомври 2023 година.

Пописот на населението во Црна Гора, кој требаше да започне на 1 ноември, одложен е за еден месец, одлучи новоизбраната Влада на чело со Милојко Спајиќ.

„Поради ова нема да има дополнителни трошоци. Ќе настојуваме да ги исправиме сите недостатоци кои се направени претходните месеци“, изјави Спајиќ за новинарите по првата седница на Владата.

Донесена е одлука да биде воспоставен и специјален софтвер, кој, според зборовите на Спајиќ, ќе овозможи секој граѓанин да ги контролира податоците и да се намалат евентуалните злоупотреби на попишувачите.

Според неговите зборови, новост ќе биде и тоа што на членовите на опозициските партии ќе им биде овозможено да бидат дел од комисијата за попис.

Токму недостатокот на контрола на пописот беше една од причините поради што граѓански активисти и суверенистичките партии предводени од Демократската партија на на социјалистите бараа одложување на пописот за најмалку половина година.

Видете и ова: Црна Гора избра Влада

Рокот од еден месец, според првичните реакции, за нив е неприфатлив.

Имено, тие врз основа на кампања која со месеци ја водеа просрпските и проруските сили и медиуми, ги повикуваа граѓаните да се изјаснат како Срби, заклучувајќи дека вистинската цел на пописот е проектиран етнички инжинеринг со цел зголемување на бројот на Срби во Црна Гора, а намалување на бројот на Црногорци.

Во кампањата се вклучи и патријархот на Српската православна црква Порфирије, како и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој повеќе пати укажуваше на значењето на пописот поради утврдување на бројот на Срби во Црна Гора.

Според последниот попис пак од 2011 година, Во Црна Гора живеат 29 отсто Срби и 45 отсто Црногорци.