Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен, за време на својата посета во Белград, изјави дека Србија мора да започне со имплементација на актуелните договори од дијалогот со Косово и да „не губи време со тоа“.
На прашањето што значи де факто признавање на Косово од страна на Србија, за што еден ден порано таа зборуваше во Приштина, Лајен речи дека се работи за спроведување на Охридскиот договор.
Овој договор во март во Охрид, во Северна Македонија, го постигнаа претседателот на Србија Александар Вучиќ, како и косовскиот премиер Албин Курти со посредство на ЕУ.
Станува збор за Анекс за спроведување на европскиот предлог за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, кој во февруари беше усогласен во Брисел.
Видете и ова: Шефицата на Европската комисија во посета на Западен Балкан, почнува од МакедонијаЛајен објасни дека Охридскиот договор предвидува различни чекори, кои вклучуваат, на пример, и признавање на косовските документи и институции од страна на Србија.
„Тоа ќе го утврди патот кон нормализација на односите меѓу Србија и Косово. Тоа е неопходен предуслов за европскиот пат“, порача таа.
На заедничката прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ, Лајен изјави дека е важно Србија да го поддржи статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство, а Косово да го спроведе тој статут.
Таа рече дека е неопходна нормализација на односите меѓу Србија и Косово, потсетувајќи на нападот во село Бањска.
„Насилниот напад на 24 септември на северот на Косово е целосно неприфатлив, сторителите мора да бидат изведени пред лицето на правдата и да сносат одговорност. Од клучно значење е двете страни да се ангажираат и да го следат патот на нормализацијата“, рече таа.
Видете и ова: ЕП бара санкции против Србија доколку се утврди поврзаност со нападот во КосовоВо селото Бањска на северот на Косово, на 24 септември вооружена група Срби ја нападна косовската полиција, при што уби еден полицаец. За време на конфликтот загинаа и тројца српски напаѓачи, а поранешниот потпретседател на партијата „Српска Листа“, Милан Радоичиќ, ја презеде одговорноста за нападот.