„Катастрофа по јавното здравје“ е неизбежна во Газа поради пренаселеноста, масовното раселување и оштетувањето на инфраструктурата, стои во соопштението кое во вторникот го објави Светската здравствена организација (СЗО).
Портпаролот пак на СЗО, Кристијан Линдмајер, предупреди на ризик од смртни случаи на цивили кои не се директно поврзани со израелското бомбардирање.
„Тоа е непосредна јавно-здравствена катастрофа која се приближува со се помасовното раселување, пренаселеноста, оштетувањето на водната и санитарната инфраструктура“, изјави Линдмејер за новинарите.
Здравствените власти во Газа велат дека повеќе од 8.300 Палестинци се убиени откако Израел започна воздушни напади на енклавата со која управува Хамас како одговор на нападите на 7 октомври кога Хамас уби 1 400 луѓе во Израел и зема повеќе од 200 луѓе како заложници.
Видете и ова: Израелските сили околу градот Газа, судири со Хамас во тунелитеИзраелската војска минатата недела почна со копнени операции во Газа.
На прашањето дали луѓето умираат од други компликации освен бомбардирањето, Линдмајер рече дека „навистина се случува тоа“.
Портпаролот на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ), Џејмс Елдер, предупреди на ризикот од смрт на новороденчињата поради дехидрација.
Видете и ова: Нетанјаху го отфрли прекинот на огнот„Смртта на децата поради дехидрација, особено ризикот од смрт на доенчиња поради дехидрација, е се поголема закана“, рече тој, додавајќи дека децата се разболуваат од пиење солена вода.
Елдер, исто така, рече дека околу 940 деца се пријавени за исчезнати во Газа, а истакна и дека верува оти некои од нив се уште се заробени под урнатините.