Полицијата во Париз пукаше во жена откако таа упатувала закани кон луѓе

Полицијата стои пред метро и регионалнаta железничка станица во Париз каде полицајците повредија жена со хиџаб откако таа извика „Сите ќе умрете“ на 31 октомври 2023 година.

Француската полиција за борба против тероризам пукаше во невооружена жена која наводно се заканувала на неколку случајни минувачи на железничката станица.

Како што пренесува „Ројтерс“, жената носела хиџаб и извикувала „Алаху Акбар“, како и „сите ќе умрете“, рече шефот на полицијата во Париз, Лорент Нунез.

Франција се наоѓа во состојба на готовс по убиството на професор на 13 октомври, во нападот за кој постојат сомненија дека има исламистички мотиви и кој политичарите го доведоа во врска со, како што ја нарекоа „џихадистичката атмосфера“, поврзана со војната во Израел и Хамас.

"Жената која носела хиџаб е погодена на станицата на железничката станица во Париз, а патниците пријавиле дека таа изнесува „агресивни, џихадистички коментари“, изјави порано портпаролот на француската влада Оливер Веран.

Видете и ова: Властите во БиХ предупредуваат за опасност од евентуален терористички напад

Шефот на француската полиција за медиумите рече дека идентитетот на жената допрва треба да биде потврден, но дека тоа би можела да биде истата личност која во 2021 година им се заканувала на градските патроли и која била сместена во психијатриско одделение поради проблеми со менталното здравје.

Полицијата соопшти и дека станицата на која се случил инцидентот е евакуирана, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.