Министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ денеска изјави дека и во оваа земја постои опасност од терористички напад, па тамошните безбедносни агенции ги зголемија мерките за претпазливост, пренесуваат тамошните медиуми.
„Бев информиран од безбедносните агенции дека постои опасност и ризик од терористички напад во Босна и Херцеговина“, изјави Нешиќ во Сараево, одговарајќи на прашања на новинарите кои побараа од него да ги коментира тврдењата кои претходно се појавија во италијанските медиуми.
Според италијанскиот „Ил Темпо“, разузнавачките служби имаат податоци за дваесетина терористички ќелии на Западен Балкан, кои се составени од радикални исламисти, а се проценува дека постои опасност од нивните постапки по ескалацијата на конфликтот во Блискиот Исток.
Видете и ова: Израел прогласи воена состојба, убиен висок член на ХамасНешиќ тогаш рече дека има пораст на екстремизмот во целиот свет, а БиХ не е исклучок, но одби да каже зошто конкретно безбедносните агенции во БиХ ги зголемиле мерките на претпазливост.
„Никој нема да биде поштеден од ова, а можеме да спречиме евентуален терористички напад во Босна и Херцеговина“, изјави Нешиќ.