Ракети и бакнежи
ИЗРАЕЛ - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека сака јасно да ја каже позицијата на Израел за прекинот на огнот.
„Како што САД не би се согласиле на прекин на огнот по бомбардирањето на Перл Харбор или по терористичкиот напад на 11 септември, Израел нема да се согласи на прекин на непријателствата со Хамас по ужасните напади на 7 октомври.
ШПАНИЈА - Поранешниот шпански фудбалски шеф Луис Рубиалес денеска доби три години суспензија од страна на ФИФА, откако на Светското првенство за жени присилно ја бакна во уста фудбалерката Џени Хермосо.
Рубиалес првично беше суспендиран на 90 дена поради бакнување за време на доделувањето на медалите, откако Шпанија го освои Светското пренство за жени во Сиднеј на 20 август.
ЦРНА ГОРА - Еден од лидерите на неодамна распуштениот проруски демократски фронт, Андрија Мандиќ, денска беше избран за претседател на Парламентот на Црна Гора.
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Велика Британија се обидува да преговара за привремен прекин на непријателствата во Појасот Газа за да може да се достави повеќе хуманитарна помош до жителите на опколената територија, изјави британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли.
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев денеска во врска со можно продавање на терапии и лекови на клиниката за Онкологија, рече дека тоа што во времето кога бил директор го имале како информации го пријавиле, односно дека имале два случаи од кои едниот го пријавил сам, а другиот заедно со економскиот директор на клиниката.
САД - Со влегувањето на тринеделната војна меѓу Израел и Хамас, како што вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во „долга и тешка“ нова фаза, американскиот претседател Џо Бајден ги повикува израелските и арапските лидери внимателно да размислат за повоената реалност, пишива Асошиејтед прес. Во оваа реалност, како што тврди американскиот претседател, приоритет треба да биде конечно да се најде договор за долго бараното решение со две држави за израелско-палестинскиот конфликт.
КОНГО - Агенцијата на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) на 30 октомври објави дека рекордни 6,9 милиони луѓе се внатрешно раселени поради ескалацијата на насилството во Демократска Република Конго, јавува Би-Би-Си.
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведе истражна постапка против 26 сопственици и управители на 28 правни лица за кои се сомнева дека сториле кривични дела Злосторничко здружување, Даночно затајување, Перење пари и други дела од од Кривичниот законик. За 14 осомничени Обвинителството предложило мерка притвор, од кои за едно лице е предложена мерка куќен притвор, додкеа за останатите 12 осомничени лица се предложи други мерки на претпазливост.
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Осуденици од Казнено-поправната установа „Идризово“ бараат средба со Народниот правобранител и со Хелсиншкиот комитет, а во спротивно од утре најавуваат штрајк со глад. Од управата на „К.П.У. „Идризово“ потврдуваат дека до нив е стигнато писмо со најава за штрајк со глад. Во писмото се наведува дека штрајкот е поради осудениците кои беа повредени викендов при претрес во полуотвореното одделение.
АВСТРАЛИЈА / ЕУ - Преговорите за трговскиот договор меѓу Европската унија (ЕУ) и Австралија пропаднаа и покрај претходниот оптимизам, при што двете страни меѓусебно се обвинуваат за неуспехот на 30 октомври.
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Поголемиот број основни судови низ државава биле неажурни, покажуваат извештаите за работата на судовите за второто тримесечие за 2023 година, што во понеделник ги усвои Судскиот совет.
УКРАИНА - Украинската војска во понеделникот објави дека во текот на ноќта „успешно погодила“ дел од рускиот систем за воздушна одбрана во анектираниот Крим.
„Вооружените сили успешно погодија стратешки објект на системот за воздушна одбрана на западниот брег на окупираниот Крим“, соопшти украинската армија.