Андрија Мандиќ избран за претседател на Парламентот на Црна Гора

Претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрија Мандиќ.

Еден од лидерите на неодамна распуштениот проруски демократски фронт, Андрија Мандиќ, денска беше избран за претседател на Парламентот на Црна Гора.

Изборот на Мандиќ го поддржаа 49 пратеници на новото парламентарно мнозинство - коалицијата за иднината на Црна Гора (партијата на поранешниот Демократски фронт), движењето Европа сега, Демократите, просрпската Социјалистичка народна партија и две албански партии.

Црногорскиот парламент има 81 пратеник.

Видете и ова: Црна Гора е во застој на патот кон ЕУ, заклучи Европскиот парламент

Пратениците на опозициската Демократска партија на социјалистите ја напуштија салата пред гласањето. Заврзаа црна лента на микрофонот во име на, како што рекоа, црниот ден за демократијата во Црна Гора.

Мандиќ за оваа функција е предложен врз основа на Конститутивен договор на новата влада, со претставникот за состав на новата влада, Милојко Спајиќ.

Со тој договор ДФ ја добива функцијата претседател на парламентот и следната година ќе влезе во владата. За возврат ќе ја поддржат малцинската влада на Спајиќ.