Британија работи на хуманитарна пауза во Газа

Се крева чад по израелското бомбардирање на градот Газа, понеделник, 30 октомври 2023 година.

Велика Британија се обидува да преговара за привремен прекин на непријателствата во Појасот Газа за да може да се достави повеќе хуманитарна помош до жителите на опколената територија, изјави британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли.

Клеверли рече дека хуманитарната помош стигнува до Појасот Газа во мали количини, но дека обемот мора значително да се зголеми.

„Ние работиме многу со Египќаните, Израелците и другите за да се обидеме да создадеме хуманитарна пауза, привремена пауза за да можеме да ја донесеме таа хуманитарна помош до луѓето на кои им е потребна“, изјави Клеверли за Ројтерс во резиденцијата на британскиот амбасадор во Абу Даби.

Предвидено е Клеверли да се сретне со министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан.

Видете и ова: Интензивни копнени и воздушни напади на израелските војници во Појасот Газа

Инаку, денска израел извршува интензивни копнени и воздушни напади на израелските војници во Појасот Газа.

Израел соопшти дека погодил 600 воени цели во едно од најтешките бомбардирања од почетокот на конфликтот, кој влегува во својата четврта недела.

Министерството за здравство на Газа соопшти дека бројот на загинати меѓу Палестинците надмина 8.000, додека израелските тенкови и пешадија го спроведуваат она што премиерот Бенјамин Нетанјаху го нарече „втора фаза“ од војната што започна напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври.