Нова студија покажува дека ако светот продолжи да согорува фосилни горива со сегашната брзина, за нешто повеќе од пет години, некаде на почетокот на 2029 година, веројатно нема да може да остане под меѓународно договорената температурна граница за глобалното затоплување.
Студијата дава приближен датум кога светот ќе го достигне критичниот климатски праг, што претставува зголемување од 1,5 степени Целзиусови од 1800-тите години.
Покрај зголемувањето на температурите, се зголемуваат и ризиците од катастрофи, бидејќи светот најверојатно ќе го изгуби најголемиот дел од коралните гребени, клучната ледена покривка може неповратно да се стопи, а недостигот на вода, топлотните бранови и смртните случаи од екстремни временски услови драстично се зголемуваат, според претходниот научен извештај на Обединетите нации.
Видете и ова: Усвоена новата европска директива за обновливи извори на енергијаДостигнувањето на тој праг ќе се случи порано од првично пресметаното, бидејќи светот постигна напредок во чистењето на различен видови на загадување на воздухот - ситни честички од смог наречени аеросоли.
Аеросолите малку ја ладат планетата и ги маскираат ефектите од согорувањето на јаглеродот, нафтата и природниот гас, вели водечкиот автор на студијата. Со други зборови, иако чистењето на загадувањето од аеросоли е добра работа, тој успех значи малку побрз пораст на температурите.
Студијата објавена во понеделникот, 30 октомври во списанието Nature Climate Change го пресметува она што го нарекува преостанатиот „јаглероден буџет“, што покажува колку фосилни горива светот може да согори и се уште има 50 отсто шанси да го ограничи затоплувањето на 1,5 степени Целзиусови од прединдустриското време. Ова е прагот поставен со Парискиот договор од 2015 година.
Последните 10 години просекот е веќе за 1,14 степени Целзиусови потопли од 19 век. Минатата година беше потопла за 1,26 степени Целзиусови, а оваа година најверојатно ќе биде повеќе од тоа, велат научниците.