Хоризонтот на Газа е покриен со чад, по жестоките воздушни и копнени напади на израелските војници.
Израел соопшти дека погодил 600 воени цели во едно од најтешките бомбардирања од почетокот на конфликтот, кој влегува во својата четврта недела.
Беа упатени неколку меѓународни повици за заштита на цивилите.
Во Појасот Газа, на палестинските цивили им е многу потребна гориво, храна и чиста вода.
Видете и ова: САД се залагаат за решение со две држави за израелско-палестинскиот конфликтПретходно денеска беше соопштено дека израелските војници и оклопните возила навлегуваат подлабоко во северниот дел на Појасот Газа, затворајќи ги населените места, додека од палестинската територија се известуваше за тешки израелски воздушни и артилериски напади.
Изгледа, како што пренесува АП, израелските сили навлегуваат подлабоко во Појасот Газа од север.
Видео објавено од војската во понеделникот покажува оклопни возила кои се движат меѓу зградите и војниците заземаат позиции во една куќа. Точната локација не е позната.
Министерството за здравство на Газа соопшти дека бројот на загинати меѓу Палестинците надмина 8.000, додека израелските тенкови и пешадија го спроведуваат она што премиерот Бенјамин Нетанјаху го нарече „втора фаза“ од војната што започна напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври.
Видете и ова: Израел ги проширува копнените операции во ГазаИсто така денеска беше соопштено и дека четворица Палестинци биле убиени за време на упадот на Израел во раните утрински часови во градот Џенин на северниот дел на Западниот Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Портпаролот на израелската армија објави дека неколку милитанти биле убиени во воздушен напад во Џенин.
Израелските медиуми објавија дека дошло до силна размена на оган меѓу израелските сили и Палестинците во Џенин во битка во која учествувале беспилотни летала.
Официјалната палестинска агенција Вафа објави дека „повеќе од 100 воени возила и два булдожери“ учествувале во упадот во градот и тамошниот бегалски камп, кој, според АФП, е упориште на палестинските вооружени групи и честа мета на израелските воени упади.