Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев денеска во врска со можно продавање на терапии и лекови на клиниката за Онкологија, рече дека тоа што во времето кога бил директор го имале како информации го пријавиле, односно дека имале два случаи од кои едниот го пријавил сам, а другиот заедно со економскиот директор на клиниката.
„Имавме случај, мислам во 2019 година, кражба во дневна болница, кај мене ја пријавија три сестри. Со главната сестра викнавме служби, беше фатено лицето со лекови на излегување по завршување на смена. Случајот по шест месеци, бидејќи не влезе во процедура, лицето беше вратено на работа, но, не беше ставено во дневна болница. Беше ставено да работи на одделение без можност да дојде во контакт со лекови. Истото лице, оваа година, го повтори делото со новото раководство и е отстрането од работа“, рече Васев.
Васев на Клиниката за онкологија беше директор од 21 јуни 2017 година до 2 ноември 2022 година. Тој денеска зборуваше пред собраниската Анкетна комисија којшто беше формира на 20 септември, по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на Клиниката за онкологија во Скопје.
Видете и ова: Филипче пред Анкетната комисија: Давањето лекови е работа на менаџментот, а не на министеротАнкетната комисија беше формирана откако Јавното обвинителство отвори предистражна постапка, по наводите кои ги објавија медиумите за злоупотреба на лекови на клиниката.
Информациите предизвикаа остри реакции во јавноста, како и протести пред Владата и Јавното обвинителство со барања случајот веднаш да биде расчистен.
Освен дека на Клиниката за онкологија се крадела терапија за болни од карционом, медиуми отворија сомнежи дека пациентите добивале и физиолошки раствор, а терапијата завршувала на црниот пазар.
На прашањето дали во негово време имало информации за лечење со физиолошки раствор, Васев рече дека „Да се даде физиолошка терапија место лек ... Тој кој го напиша тоа, треба да го докаже и да поднесе одговорност, доколку не е така“, рече тој.
Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Васев исто така рече дека биле земани лекови на реверс со цел да не им се прекине терапијата на пациентите.
„Главната намена на реверсот беше да не се прекине биолошката терапија која почнаа да ја земаат пациентите. Значи тендерската постапка за тие лекови веќе беше почната, не е земен реверс без постапка. Постапката беше почната, два три месеци задоцни. Ние не смеевме да го загрозиме животот на пациентите кои веќе почнаа да ја примаат терапијата. Тие лекови значеа живот за нив... Тука се кршат Хипократовата заклетва заедно со заклетва за правна одговорност на Институтот. Не сме земале столици и градежен материјал, сме земале лекови од една фирма, истакна Васев.
Видете и ова: Пратениците заклучија-Клиниката за онкологија треба да ги спроведе ревизорските препоракиТој зборуваше и околу исклучувањето на КАТО системот и според него, идејата за купување не била лоша, но посочи дека системот од самиот почеток покажувал знаци на слабост.
На прашањето дали чувствува морална одговорност за тоа што се случувало на Онкологија додека бил медицински директор, Васев рече дека не чувствува морална одговорност.