Украинската војска во понеделникот објави дека во текот на ноќта „успешно погодила“ дел од рускиот систем за воздушна одбрана во анектираниот Крим.
„Вооружените сили успешно погодија стратешки објект на системот за воздушна одбрана на западниот брег на окупираниот Крим“, соопшти украинската армија.
Руските медиуми објавија дека имало повредени руски војници за време на напад врз единица на руската воздушна одбрана.
Каналот Рибар на Телеграм, кој е близок до руската војска, објави за „комбиниран напад“ на украинските сили на Крим.
Се наведува дека Украина лансирала два американски ракети ATACMS кои паднале во близина на селото Оленивка, на западниот брег на Крим.
Канал Рибар наведува дека руските сили не биле во можност да ги соборат ракетите, но дека „благодарение на претходно преземените мерки, немало сериозна штета“.
Видете и ова: Русија уништила три украински дрона врз Севастопол
На социјалните мрежи се наведува дека „половина час подоцна“ морнарите на Црноморската флота пронашле три дронови на украинската морнарица во близина на Севастопол. Еден од нив бил „уништен“, додека другите двај се обиделе да влезат во Херсонскиот залив пред руските сили да пукаат врз нив и да ги потонат.
Украина редовно ја напаѓа руската Црноморска флота на Крим. Во септември, украинската армија изврши неколку ракетни напади на полуостровот Крим. Во еден таков напад во Севастопол, според информациите од Киев, било погоден и седиштето на руската морнарица.
Од друга страна, украинската војска објави дека нејзината противвоздушна одбрана ги уништила сите 12 руски беспилотни летала и две ракети лансирани кон Украина.
Гувернерот на јужната украинска област Одеса изјави дека две лица биле ранети и дека се оштетени неколку згради во руски ракетен напад врз бродоградилиште во понеделникот.
Ракетниот напад од Одеса се случил за време на ноќните воздушни напади на руски беспилотни летала врз јужните, централните и северните украински региони.
Генералштабот во својот дневен брифинг додаде дека во претходните 24 часа имало околу 60 борбени престрелки на првите линии во Купјанск, Лиманск, Авдијивка, Маријнск, Шахтјорск и Запорожје.
„Како резултат на руските терористички напади, за жал, меѓу цивилното население има мртви и ранети. Уништени се и оштетени приватни станбени згради и друга цивилна инфраструктура“, се наведува во соопштението.