Приведени се неколку осомничени луѓе за оштета на државниот буџет и македонската економија, соопштија од Обвинителството за борба против организиран криминал и Управата за финансиска полиција. Во организирана акција на овие две институции заедно со полицијата рано утринава се извршени претреси во објекти во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид.
„Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка од економски криминал под кодно име „Синџир“ за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството што Управата за финансиска полиција ја спроведе со обвинителството и истражители од Истражниот центар на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција“, е наведено во заедничкото соопштение на обвинителството и финансиската полиција.
Видете и ова: Ако не постапи Финансиска полиција, ОЈО ќе реагира за Државна лотаријаВо него е посочено дека повеќе детали ќе бидат објавени подоцна во текот на денот, откако ќе заврши акцијата.