Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ги критикуваше антисемитските акции во Европа.
Поддршката на тероризмот, антисемитизмот или насилството врз малцинствата е одвратна и нема место во Европа, истакна Лајен за германскиот весник Билд, коментирајќи ги демонстрациите и објавите на социјалните мрежи изминатите недели.
Таа додаде дека отворените демократски општества се голема сила на Европа, но исто така тоа ја прави заедницата ранлива.
„Затоа мораме секаде да се бориме против почетоците на омразата кон оние кои размислуваат поинаку, без оглед дали е на интернет или на нашите улици“, посочи Лајен.
Видете и ова: Најмалку 60 приведени по инцидентот на аеродромот во МахачкалаГолеми пропалестински демонстрации се одржаа во неколку европски главни градови во текот на викендот, поради интензивираните израелски напади врз Појасот Газа.
Претседателката на ЕК од вчера е во официјална посета на Скопје, а според најавите денеска ќе се сретне со македонскиот премиер Димитар Ковачевски.
Видете и ова: Пристапните преговори тема на средбата на Фон дер Лајен со ПендаровскиТаа вчера оствари средба со претседателот Стево Пендаровски со кој, како што беше соопштено, разговарала за процесот на пристапните преговори на земјава за членство во Европската Унија, за актуелните политички случувања во Северна Македонија и за тековните состојби во регионот.