Иранскиот претседател Ебрахим Раиси на 29 октомври рече дека тековното израелско бомбардирање на Газа „може да ги принуди сите“ да дејствуваат, во последното предупредување издадено од исламската република од почетокот на конфликтот Израел-Хамас.
Израел ја бомбардира палестинска територија откако вооружени лица на Хамас упаднаа преку границата на 7 октомври и, според израелските власти, убија повеќе од 1.400 луѓе, од кои повеќето цивили.
Раиси ова го изјави денеска откако претходно израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во синоќешното обраќање на јавноста соопшти дека војската отворила „втора фаза“ во војната против Хамас со испраќање копнени сили во Газа и проширување на нападите од земја, воздух и море. Тој на 28 октомври пред нацијата изјави дека ова ќе биде долга и тешка војна.
Видете и ова: Нетанјаху: Влеговме во втората фаза од војната против ХамасИран, кој финансиски и воено го поддржува Хамас, ги поздрави нападите на 7 октомври како „успешни“.
Но, Техеран тврди дека не бил вклучен во нападот на 7 ми октомври.