Дронови паднале врз два египетски града

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси соопшти на 28 ноември дека во текот на вчерашниот ден два дрона паднале во два египетски града. Тој ги повика сите нации да го почитуваат суверенитетот и позицијата на Египет во регионот.

„Египет ќе продолжи да игра позитивна улога во конфликтот меѓу Израел и Хамас и не сака тој да се прошири во регионот“, додаде тој.

Два египетски безбедносни извори вчера соопштија дека „проектил“ паднал врз градот Нувеиба на Црвеното Море. Израелското Министерство за надворешни работи тврди дека тие биле лансирани од Хутите од Јемен.

Меѓу последните настани поврзани со војната меѓу Израел и милитантната група Хамас беше дека израелската армија објави оти во текот на изминатата ноќ израелските сили со тенкови извршија релативно голем упад во Појасот Газа.

Видете и ова: Во Газа влегоа нови 12 камиони со хуманитарна помош

Ситуацијата ескалираше на 7 октомври кога Хамас извршија напад на југот на Израел при што беа убиени 1 400 луѓе, по што започна возвратен одговор од израелските сили со интензивно бомбардирање кон Газа, која е под контрола на милитантната група.

Во израелските напади беа уништени големи делови од енклавата Газа, а според Министерството за здравство на Хамас, загинати се најмалку 6 500 Палестинци, вклучително и над 2 700 деца.