Спасовски не очекува зголемување на миргантскиот бран

Министерот Оливер Спасовски во Собрание. архивска фотографија

Во моментот немаме индиции дека може да дојде до зголемување на мигрантски бран или обиди за влегувањето на територијата на нашата држава, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој во интервју за новинската агенција МИА вели дека границата од април годинава се обезбедува заедно со Фротекс и тоа придонесува за намалување на ризикот од активирање на балканската рута и можноста од радикални и терористички закани особено по судирите на Блискиот Исток.

Видете и ова: Состанок на министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ во Луксембург


Спасовски додаде дека со помош на Фронтекст во споредба со изминатиот ист период лани, има намалување за 50 проценти од илегално влегување во државава.

„Имаме ефикасност во откривање на криумчарењето на мигрантите, меѓутоа постапката и тука се гледа дека имаме пад во однос на минатата година и уште еднаш потврдувам за посветеноста која што ја има граничната полиција на Северна Македонија во зачувувањето на мирот и на стабилнота“, изјави Спасовски.