На 26 октомври 12 нови камиони влегоа во појасот Газа преку граничниот премин „Рафах“ со Египет, соопшти палестинската Црвена полумесечина.
Камионите во Газа пренесоа вода, храна и медицински материјали, но и гориво бидејќи Израел ги спречуваше хуманитарните организации да внесат помош.
Од 21 октомври до сега, вкупно 74 камиони со хуманитарна помош добија дозвола да влезат во појасот Газа, влеат од Црвената полумесечина.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Меѓу последните настани поврзани со војната меѓу Израел и милитантната група Хамас беше дека израелската армија објави оти во текот на изминатата ноќ израелските сили со тенкови извршија релативно голем упад во Појасот Газа.
Ситуацијата ескалираше на 7 октомври кога Хамас извршија напад на југот на Израел при што беа убиени 1 400 луѓе, по што започна возвратен одговор од израелските сили со интензивно бомбардирање кон Газа, која е под контрола на милитантната група. Во израелските напади беа уништени големи делови од енклавата Газа, а според Министерството за здравство на Хамас, загинати се најмалку 6 500 Палестинци, вклучително и над 2 700 деца.