Ерменија се надева дека во наредните месеци ќе склучи мировен договор со Азербејџан и ќе воспостави дипломатски односи со Баку, изјави ерменскиот премиер Никол Пашинијан.
Говорејќи на форум во грузискиот главен град Тбилиси, Пашинијан рече дека Ерменија, исто така, се надева дека ќе ја отвори границата со Турција (близок сојузник на Азербејџан) за граѓаните на трети земји.
Неговите коментари дојдоа во време на напорите да се зацврсти мирот во нестабилниот Јужен Кавказ, откако Азербејџан минатиот месец го врати спорниот регион Нагорно-Карабах, кој меѓународно се смета за азербејџанска територија, но со кој управуваа отцепените етнички Ерменци од 1990-тите.
Видете и ова: Мишел ги покани лидерите на Ерменија и на Азербејџан на состанок во БриселПашинијан за весникот Волстрит журнал изјави дека Ереван не гледа предност во продолжувањето да биде домаќин на руски воени бази на своја територија, по кратката инвазија на Азербејџан на .
„Овие настани во суштина нè доведоа до одлука дека треба да ги диверзифицираме нашите односи во безбедносната сфера и се обидуваме да го направиме тоа сега“, изјави Пашинијан во интервју за весникот на 25 октомври.
Ерменија и Азербејџан водеа две војни во последните три децении за регионот, кој по распадот на Советскиот Сојуз беше мнозинска етничка ерменска енклава во меѓународно признатата граница на Азербејџан.
Регионот првично беше под контрола на етничките ерменски сили, потпомогнати од ерменската армија, во сепаратистичките борби кои завршија во 1994 година. Сепак, за време на војната во 2020 година, Азербејџан врати делови од Нагорно-Карабах заедно со околните територии.