Спасовски: Пукањето во Ист Гејт е криминална пресметка, безбедноста на граѓаните не е загрозена

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

Безбедноста на граѓаните не е загрозена, а полициските служби се постојано на терен, не само во моментов, туку во континуитет,одговори министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на прашањето дали граѓаните се безбедни по вчершаното пукање во Ист Гејт молот.

Министерот изјави дека инцидентот, односно вчерашното пукање во Ист Гејт, во кои се повредени две лица е криминална пресметка.

„Што се однесува до инцидентот, значи од вчера активно се работи. Формиран е посебен штаб во Секторот за внатрешни работи-Скопје. Приклучени се тука од одделот за криминалистичка полиција, форензика, одделот за организиран криминал итн. Сите заеднички прибираат информации, докази за Јавното обвинителство, се со цел да се утврдат фактите и да може да се открие сторителот, меѓутоа и мотивите коишто се во однос на овој настан“, вели Спасовски.

Видете и ова: Две лица повредени при пукање во „Ист гејт“ Мол

Прашан како можеше да се дозволи вчерашниот инцидент, пукање во молот во Скопје и тоа втор по ред инциденти, Спасовски со одговор дека во Скопје и во други градови во земјава криминални активности се случуваат секојдневно и како што вели, работата на полицијата е да работи перманентно во подобрувањето на безбедноста и тоа не само во делот на криминалитетот, туку и во сообраќајот и во секој дел, во којашто е таргетиран безбедноста на граѓаните.

Вчерашниот вооружен напад во трговскиот центар „Ист гејт“ е втор во период од два месеца. Неофицијално, како што вчера објавија дел од порталите, цел на пукањето повторно бил Раде Трајковски со прекар Штекли кон кого, исто така во „Ист гејт“, беше пукано пред два месеца.