Пораст на расната дискриминација во Европа, најмногу во Германија

илустрација

Расната дискриминација е во пораст во Европа, а најголема стапка е забележана во Германија, Австрија и Финска, покажуваат резултатите од испитувањето на мигрантите со темна кожа во 13 земји од ЕУ.

Агенцијата на ЕУ за фундаментални права (FRA), на чие барање е спроведена анкетата, соопшти дека бројот на лица кои се соочуваат со расна дискриминација е зголемен за 34 отсто во споредба со претходната студија спроведена пред шест години.

Во Австрија и Германија, бројот на овие случаи е речиси двојно зголемен во споредба со претходната анкета, односно сега 64 отсто од мигрантите во овие две земји изјавиле дека биле изложени на расна дискриминација, наспроти 42 отсто во Австрија и 33 отсто во Германија пред шест години.

Видете и ова: Стејт департмент - неказнивост, дискриминација и корупција во Македонија

На трето место е Финска, каде 54 отсто од мигрантите изјавиле дека биле дискриминирани врз основа на бојата на нивната кожа.

„Шокантно е што нема подобрување од претходното истражување. Наместо тоа, луѓето со африканско потекло се соочуваат со поголема дискриминација само поради бојата на кожата“, рече директорот на ФРА Мајкл О'Флаерти.

Истражувањето на агенцијата Агенцијата на ЕУ за фундаментални права го спроведе Ипсос, а биле испрашани 16 124 имигранти и нивните потомци во 15 европски земји.

Истражувањето со наслов „Да се биде црнец во ЕУ“ опфатило 6 752 лица родени во субсахарска Африка или со најмалку еден родител роден во таа област и кои живеат во Австрија, Белгија, Данска, Финска, Франција, Германија, Ирска, Италија, Луксембург, Полска, Португалија, Шпанија и Шведска.