Израел повторно вети дека ќе го уништи Хамас и ги отфрли повиците за прекин на огнот од шефот на ОН, Палестинците и многу други земји на состанокот на високо ниво на Советот за безбедност на ОН, нагласувајќи дека војната во Газа не е само нејзина војна, туку „војна за слободниот свет“.
Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен, исто така, ги отфрли повиците за „пропорционалност“ во одговорот на земјата на ненадејните напади на Хамас врз Израел на 7 октомври во кои загинаа повеќе од 1 400 луѓе, а израелските одмазднички напади убија повеќе од 5 700 Палестинци во Газа, според Министерството за здравство на територијата кој е под контрола на Хамас.
„Кажете ми што е пропорционален одговор на убивање бебиња, силување и палење жени, обезглавување на дете. Како може некој да се согласи на прекин на огнот со некој кој се заколнал дека ќе го убие и уништи самото негово постоење“, рече Коен.
Видете и ова: Блинкен - САД не сакаат војна со Иран, но ќе се бранатТој додаде дека пропорционалниот одговор на масакрот на 7 октомври е „целосно уништување, до секој последен член на Хамас“, нарекувајќи ја екстремистичката група „нови нацисти“.
Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал Малики пак повика на прекин на израелските напади.
„ Да го запреме убивањето, да го запреме тековниот масакр што се врши намерно, систематски и дивјачки од Израел, окупаторската сила, врз палестинското цивилно население“, рече тој и додаде дека според меѓународното право „наша колективна човечка должност е да го спречиме тоа“.
Милитантите на Хамас кои упаднаа во Израел од Појасот Газа на 7 октомври убиле најмалку 1400 луѓе и зеле повеќе од 220 заложници, според израелските власти.
Министерството за здравство во Газа, пак, тврди дека повеќе од 5 000 се убиени откако Израел почна да ја бомбардира палестинската територија.