Републиканците го номинираа Емер за спикер на Претставничкиот дом на САД

Членови на персоналот носат американски знамиња во канцеларијата на претседателот на Претставничкиот Дом, додека негов претседател беше Кевин Мекарти.

Републиканците на 24 октомври го номинираа Том Емер од мнозинската група, да го замени соборениот спикер на Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави (САД), надевајќи се дека ќе ги извлече од повеќенеделниот хаос што го парализираше Вашингтон.

Конгресот е во застој и не може да се занимава со повеќекратните глобални кризи, како и заканата за затворање на владата која се приближува, по историското разрешување на Кевин Мекарти на 3 октомври.

Емер излезе како победник од серијата тајни гласања, на кои се гласаше за девет кандидати. Но тој ќе треба да ги убеди речиси сите колеги да го поддржат при гласањето во Претставничкиот дом.

Видете и ова: Новиот лимит за американскиот долг оди во Сенатот

Емер, доколку го изберат, ќе биде спикер со најмало искуство во повеќе од еден век, бидејќи никогаш не претседавал со комисија или немал висока лидерска улога повеќе од неколку месеци, иако ја водеше предизборната група на републиканците два мандата.

Емер сега треба да добие 217 гласови во Претставничкиот дом за да стане претседател.