Лидерите на полските опозициски проевропски партии, кои на изборите на 15 октомври освоија мнозинство во двата дома на парламентот, најавија дека заедно ќе формираат влада и дека за премиер го предлагаат поранешниот претседател на Европскиот совет, лидерот на Граѓанската коалиција, Доналд Туск.
„Како лидери на опозицијата, ја потврдивме нашата подготвеност за соработка и создавање парламентарно мнозинство. Денешната декларација ќе го смири претседателот и ќе му ја олесни задачата. Подготвени сме да формираме влада“, изјави денеска Туск.
Тој, како лидер на најсилната опозициска партија, либералната Граѓанска коалиција, Шимон Холовња и Владислав Кошњак-Камиш како лидери на центристичкиот Трет пат и лидерот на Новата левица, Влоѓимјеј Чажасти, денеска (24 октомври) заедно се појавија пред медиумите за да апелираат до претседателот Дуда да не го одложува свикувањето на новиот состав на парламентот до 14 ноември, кога е крајниот рок, туку што поскоро да свика седница на Долниот дом на полскиот Парламент.
Видете и ова: Историски одзив на полските избори, опозицијата прогласи победаПретседателот Дуда денеска ги почна консултациите за тоа кому да му го довери мандатот за формирање влада, а први беа лидерите на досегашната владејачка партија Право и Правда на Јарослав Качински, откако популистите на Качински трет пат по ред освоија најголем број гласови, но 75 отсто од 29-те милиони гласачи кои излегоа на избори, им дадоа удобно мнозинство во двата дома на проевропските демократски партии.
Претходната опозиција во новото свикување има 248 пратеници од 460 во Долниот дом и 66 сенатори од 100 во Горниот дом.
Претседателот Дуда пред изборите рече дека во првиот обид за формирање влада мандатот ќе го додели на партијата која освоила најмногу гласови поединечно, иако однапред било јасно, а и самиот вицепремиер Качински призна, дека волјата од гласачите беше таква што Право и Правда заврши во опозиција.