Русија уништила три украински дрона врз Севастопол

Кримското пристаниште Севастопол има се повеќе напади насочени кон руските воени линии за снабдување и Црноморската флота

Руската војска неутрализирала три украински дрона над Црното Море за кои се верува дека за цел го имале заливот Севастопол, на Крим.

„Ноќеска, околу 4 часот по локално време, откриени се три беспилотни летала на украинската армија во северниот дел на Црното Море“, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Руското Министерство за одбрана додаде дека „анти-диверзантски проектили и бомби ја погодиле областа каде што биле откриени беспилотните украински чамци.

Украинските власти веднаш не ги коментираа извештаите, кои не можеа да бидат независно проверени. Не е јасно дали има жртви.

Како што продолжува руската инвазија на Украина, на полуостровот на Црното Море се повеќе се забележуваат напади насочени кон руските воени линии за снабдување и Црноморската флота.

Видете и ова: Украина: Шест поштенски работници загинаа во нов руски напад

Командата на воздухопловните сили на Украина соопшти дека ги соборила сите шест беспилотни летала Шахед откриени во руски напад во регионите Хмелницки, Винње и Миколајев.

Kиев, исто така, се бори за враќање на четири јужни региони во областа што Русија ја окупираше откако ја започна својата целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Во заливот Севастопол, каде што е матичното пристаниште на руската Црноморска флота, во тек се антидиверзантски мерки.

Во меќувреме претседателот Володимир Зеленски треба да зборува на два различни форуми на 24 октомври, бидејќи тој продолжува да работи за да се осигура дека поддршката за Украина нема да опадне бидејќи војната влегува во својот 20-ти месец.

Зеленски преку видео врска ќе се обрати на состанокот на Кримската платформа во Прага на кој ќе присуствуваат чешкиот премиер Петр Фиала и шефот на украинскиот парламент Руслан Стефанчук.

Украинскиот лидер исто така се очекува да одржи говор преку видео-врска на украинско-германскиот бизнис форум, на кој ќе присуствуваат и украинскиот премиер Денис Шмихал и германскиот канцелар Олаф Шолц.