Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот го достави до парламентот на ратификација нацрт-законот за кандидатурата на Шведска за членство во НАТО, соопшти турското претседателство.
Претседателството не соопшти повеќе детали.
Влезот на нова членка во НАТО мора да биде одобрен од сите 31 земји членки. Досега кандидатурата на Шведска се уште не е ратификувана од Турција и Унгарија.
Видете и ова: Орбан: Унгарија не брза да ја ратификува кандидатурата на Шведска за НАТОВо јули, Турција ги повлече своите приговори за приклучување на Шведска во алијансата, чекор кон единството што западните лидери сакаат да го покажат во пресрет на руската инвазија на Украина.
Турција се спротивстави на членството на Шведска поради загриженоста за напорите на владата во Стокхолм за борба против исламофобијата, како и за активностите на курдските групи во оваа скандинавска земја.
Одлуката во јули за членство на Шведска во НАТО уследи по силниот притисок на американскиот претседател Џо Бајден врз турскиот претседател Ердоган.