Земјите од ЕУ сè уште разговараат за идејата за хуманитарен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, но постојат различни начини да се добие многу потребната помош за Палестинците во Газа, изјави во понеделникот шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром.
„Дискусиите се во тек, но прашањето навистина не е за прекин на огнот, туку за тоа како да се унапреди помошта и тоа може да се направи на многу различни начини“, им рече тој на новинарите по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.
Видете и ова: Нов конвој со 17 камиони помош влезе во појасот ГазаТој рече дека Шведска go подржува предлогот на ОН за хуманитарен коридор.
Претходно во понеделникот, шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, изрази поддршка за „хуманитарна пауза“, но некои од министрите за надворешни работи на блокот изразија резервираност за идејата.