Конвој со 17 камиони кои пренесуваат помош за Палестинците влезе во појасот Газа, јавија египетските медиуми.
На 21 октомври на оваа територија влезе првиот конвој од 20 камиони откако беше отворен граничниот премин „Рафах“ помеѓу Египет и Газа, а Обединетите нации оценија дека тоа е само „капка во морето“ во споредба со потребната помош и повикаа на прекин на огнот.
Поради израелските напади се проценува дека околу 1,6 милиони луѓе се раселени, најмалку 60 отсто од жителите на Газа.
Видете и ова: Израел повторно ги повика цивилите во Газа да се преселат на југПортпаролот на Министерството за здравје во Газа кое е под контрола на милитантната група Хамас, на 22 октомври изјави дека во последните 24 часа најмалку 266 Палестинци се убиени, а меѓу нив 117 деца.
Од 7 октомври кога израелските сили ги покренаа возвратните напади како одговор на нападот на Хамас на југот на Израел при што беа убиени 1 400 луѓе, според палестинското Министерство за здравство, загинале 4 651 Палестинец, а 14 245 се ранети.