Околу 500 до 600 тони опасен отпад е откриен на земјиште во селото Орман на територијата на Општина Ѓорче Петров, соопшти Джравниот инспекторат за животна средина (ДИЖС).
„При редовна обиколка од страна на овластениот инспектор за животна средина при Општина Ѓорче Петров на ден 10.10.2023 година лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии“, објавија од ДИЖС.
Нелегалното одлагалиште на отпадот е на две катастарски парцели во селото Орман, а овластен инспектор започнал постапка по службена должност против сопствениците.
На 18 октомври била издадена наредба на сопствениците на земјиштето да го дислоцираат опасниот отпад на соодветна локација во рок од 30 дена.