Цивилите во појасот Газа велат дека добиле нови предупредување од израелската војска да се преселат од северниот во јужниот дел на појасот. Добиле и дополнително предупредување дека ако останат би можеле да бидат идентификувани како симпатизери на „терористичка организација“.
Предупредувањата биле испратени преку летоци со името и логото на Израелските одбранбени сили (ИДФ), како и преку аудио пораки на мобилните телефони.
„Итно предупредување за жителите на Газа. Вашето присуство северно од Вади Газа го става вашиот живот во опасност. Секој што ќе одлучи да не го напушти северниот дел на Газа, може да биде идентификуван како соучесник на терористичка организација“, пишува во летоците.
Видете и ова: Отворен граничниот премин помеѓу Газа и ЕгипетВо меѓувреме, од Владата во појасот Газа контролирана од милитантната група Хамас објавија дека во нападите од Израел во текот на ноќта биле убиени најмалку 55 лица, а се додава и оти биле уништени повеќе од 30 куќи во период од неколку часа откако израелската војска најави дека ќе ги засили нападите.
Со цел изнаоѓање мировно решение за Блискиот исток, вчера во Каиро, Египет, се одржа и меѓународен самит, но тој заврши без договор за заедничка изјава на учесниците.
Арапските лидери на самитот го осудија израелското бомбардирање на појасот Газа.
Европските претставници, пак, повикаа на заштита на цивилите, но поради отсуството на Израел и високи американски претставници на самитот, не беше постигнат договор за запирање на насилствата.