Најмалку шест поштенски работници загинале во саботата во руски ракетен напад во кој бил погоден поштенски дистрибутивен центар во североисточната украинска област Харкив, соопштија украинските власти.
Во нападот се повредени и 14 лица од кои седум се во тешка состојба, објави регионалниот гувернер на Харкив, Олег Синегубов.
Претседателот Володимир Зеленски на социјалните време објави видеоснимка на која се чини дека се гледа тешко оштетен магацин опкружен со контејнер со логото на украинскиот поштенски оператор „Нова пошта“.
„Сите шест мртви и 14 повредени во нападот од окупаторот биле вработени во компанијата и се наоѓале внатре во терминалот на ’Нова пошта‘“, рече Синегубов.
Министерството за внатрешни работи на Украина го потврди бројот на загинати, но наведе оти бројот на повредени е 16.
Регионалното обвинителство соопшти дека руските сили во областа Белгород, северно од Харкив, истрелале ракети С-300 и од нив две го погодиле поштенскиот магацин.
Во неделата украинската војска соопшти дека нејзините системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта уништиле шест руски дронови и крстосувачка ракета, додавајќи дека Русија лансирана вкупно девет такви ракети.