Газа виа Стара Чаршија

САД - Американскиот претседател Џо Бајден, во телевизиско обраќање до нацијата, ги осуди милитантната организација Хамас и рускиот претседател Владимир Путин, велејќи дека зад нападот врз Израел и инвазијата на Украина стои заеднички мотив.

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Група граѓани со транспаренти „Слобода за Палестина“ денеска се собраа на протест којшто се одржа пред Мурат Пашината Џамија во Старата скопска чаршија. Тие побараа „да престанат нападите во Палестина“. Според најавите, протест „за поддршка на палестинскиот народ“, беше организиран од страна на неколку здруженија кои својата дејност ја вршле во земјава и кои за таа цел формирале Платформа.

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Предлог законот за амнестија е ставрен на дневен ред по скратена постапка на 129. седница во Собранието закажана за 2 номеври оваа година. На дневниот ред на истата седница е ставена и интерпелацијата за работата на Јавниот обвинител Љубомир Јовески, како и Предлог на одлука за објавување на јавен оглас за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека се спремни за предлозите од СДСМ за разговор околу изборите и дека во партијата прифаќаат да бидат формирани работни групи за утврдување на датумот за одржување на изборите во 2024 и бара тие што поскоро да се сретнат.
„Еве им признавам дека победија, нема предвремени избори, редовни ќе бидат изборите“, вели Мицкоски по денешната посета на Општина Гази Баба.

БИХ - Министерството за финансии на САД воведе нови санкции за претседателот на Република Српска Милорад Додик. Според Министерството, санкции биле наметнати на „прорускиот националистички лидер на босанските Срби“, како и на други поединци и ентитети поврзани со него.

ИЗРАЕЛ - Хамас понудил ослободување на некои од заложниците во замена за итен прекин на огнот, додека продолжуваат разговорите за ослободување на 203-те заложници кои се држат во Газа, потврди Би-Би-Си. Израел се уште не се согласил на тоа. Хамас не ги држи сите заложници. Некои ги држат други вооружени милитантни групи.

СЕЕРНА МАКЕДОНИЈА - Во наредните осум до десет дена ќе биде свикан Советот за безбедност, на чиј дневен ред ќе бидат состојбите на северот на Косово, војната во Украина и последните случувања на Блискиот Исток, конфликтот Хамас – Израел, најави претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски.

РУСИЈА - Кремљ соопшти дека новите изјави на американскиот претседател Џо Бајден, во кои тој го спореди рускиот претседател Владимир Путин со палестинската милитантна организација Хамас - се „неприфатливи“. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека сега е потенцијално опасно време и дека заканата за руските граѓани експоненцијално ќе расте кога Израел ќе ја започне својата очекувана копнена операција за да се обиде да го истера Хамас од Газа.

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Република Северна Македонија во моментов нема лоцирано закани по безбедноста на државата и на граѓаните. Институциите, службите, безбедносно - разузнавачката заедница будно ги следат случувањата во Израел и Украина, разменуваат информации и на национално ниво и во рамките на НАТО алијансата и соодветно се подотвуваат доколку се лоцира предизвик да се реагира, изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска во Охрид каде имаше средба со припадниците на доброволните противпожарни друштва од земјава.

КИНА - Извештајот на американскиот Пентагон во кој се наведува дека Кина најверојатно ќе има повеќе од 1 000 нуклеарни боеви глави до 2030 година е полн со предрасуди и ги искривува фактите, а Кина нема намера да се вклучи во трка за нуклеарно вооружување, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата. Пентагон во годишниот извештај објавен на 19 октомври соопшти дека Кина ги проширила своите нуклеарни резерви и сега има околу 500 оперативни боеви глави.