Група граѓани со транспаренти „Слобода за Палестина“ денеска се собраа на протест којшто се одржа пред Мурат Пашината Џамија во Старата скопска чаршија. Тие побараа „да престанат нападите во Палестина“.
Според најавите, протест „за поддршка на палестинскиот народ“, беше организиран од страна на неколку здруженија кои својата дејност ја вршле во земјава и кои за таа цел формирале Платформа.
Емин Хусрев - претседател на здружението „Копру“, на протестот рече дека во нападите во последните дванаесет дена се таргетирале цивили, меѓу кои значаен дел жени и деца.
„Нападите кулминираа со бомбардирањето на баптистичната болница Ал Ахли, акт кој е неприфатлив за човештвото“, рече Хусрев.
Видете и ова: Стотици убиени во експлозија во болница во Газа, Израел негира одговорностНа 17 октомври се случи експлозијата во болница во Газа во која загинаа стотици луѓе. Палестинските власти го обвинуваат Израел, но израелската армија објави дека податоците што ги собрала укажале дека експлозијата била предизвикана од лошо испукана ракета од палестинската организација Исламски Џихад.
Според здравствените власти на Газа, болницата „Ал-Ахли“ на 17 октомври била преполна со ранети лица и други Палестинци кои барале засолниште, при што загинале стотици луѓе.
Стотици мртви и повредени има во борбите кои почнаа откако милитантите на Хамас започнаа напад врз Израел на 7 октомври. Тогаш десетици борци на Хамас се инфилтрираа преку силно утврдената граница, а израелската војска по нападот започна да гаѓа цели на Хамас во Газа.
Видете и ова: Израелскиот министер за одбрана Галант презентираше план за иднината на ГазаХусрев на денешниот протест во Скопје побара нападите да престанат нагласувајќи дека „не може да се остане нем за она што се случува“, бидејќи до денес имало над 3.500 жртви.
„Очекуваме, почнувајќи од соседните земји, час поскоро да се преземат потребните чекори во насока на воспоставување на мирот и стабилноста, додека од друга страна апелираме Америка, Европа и земјите од останатите региони да превземат праведен и хуманоцентричен став помеѓу страните“, рече Хусрев.
Инаку, денеска шефот на ОН Антонио Гутереш го денеска обиколи преминот Рафах, меѓу јужниот дел на Газа и Египет и предупреди дека два милиони луѓе во Газа страдаат ужасно. Гутереш рече дека разговорите се во тек за „ограничувања“ што ја спречуваат испораката на помош во Газа.
Стотици возила со хуманитарна помош чекаат дозвола за влез во Газа. Газа и понатаму е под опсада, а Израел го блокира снабдувањето со вода, електрична енергија, храна и гориво преку границата.
Палестинските власти соопштија дека бројот на загинати од 7 октомври во Појасот Газа се искачи на 4.127.
Видете и ова: Хамас нуди ослободување на заложници во замена за прекин на огнотИзраелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека кога ќе заврши војната со Хамас, Израел ќе ја прекине одговорноста за животот во Појасот Газа и ќе ги прекине врските со него.
Јоав Галант, исто така, ги наведе целите за „елиминација на Хамас и уништување на неговите воени и управувачки способности“ и „создавање нова безбедносна реалност во регионот“, се вели во соопштението.
Израел ги повлече своите војници и доселеници од Газа во 2005 година, иако ја задржа контролата врз воздушниот простор, заедничката граница и крајбрежјето.