Законот за амнестија по скратена постапка на седница закажана на 2 ноември

Министерот за правда Кренар Лога, чие министерството го подготви Предлогот-законот за амнестија.

Предлог законот за амнестија е ставрен на дневен ред по скратена постапка на 129. седница во Собранието закажана за 2 номеври оваа година. На дневниот ред на истата седница е ставена и интерпелацијата за работата на Јавниот обвинител Љубомир Јовески, како и Предлог на одлука за објавување на јавен оглас за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Владата на 26 септември го усвои Предлог законот за амнестија. Министерството за правда, кое го подготви Предлогот, соопшти дека со законот се очекува да бидат целосно ослободени од затворска казна 286 осуденици, а делумно амнестирани 996. Во моментов 2114 осуденици издржуваат затворска казна, а 2813 чекаат да влезат во затвор.

Опозициската ВМРО- ДПМНЕ реагираше дека доколку законот за амнестија се носи по скратена постапка и со европско знаменце, ќе побара од највисоките тела на партијата поддршка за одлуката пратениците на ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата да ја напуштат работата на Парламентот, како што најави претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

Видете и ова: ВМРО-ДПМНЕ ќе го напушти Собранието, ако амнестијата се носи со европско знаменце

Премиерот Димирар Ковачвски на 3 октомври кажа дека предлог-законот за амнестија е испратен во собраниска процедура без европско знаменце и дека не е правен за личности, туку за дела од помал обем.

Целта како што вели Ковачевски е за релаксирање на пренатрупаните капацитети во затворот Идризово и во другите сместувачки објекти во рамките на Управата за извршување на санкции.

Новиот закон за амнестија, како што кажа Ковачевски, не е правен за личности, туку е правен за дела од помал обем кои се наведени во законското решение.

Но, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Владата на Ковачевски рече дека донесувањето на законот за амнестија е непотребно, оти, како што вели, законот нема да ја промени состојбата со пренатрупаноста во затворите.