Израелскиот министер за одбрана вели дека кога ќе заврши војната со Хамас, Израел ќе ја прекине одговорноста за животот во Појасот Газа и ќе ги прекине врските со него.
Јоав Галант, исто така, ги наведе целите за „елиминација на Хамас и уништување на неговите воени и управувачки способности“ и „создавање нова безбедносна реалност во регионот“, се вели во соопштението.
Израел ги повлече своите војници и доселеници од Газа во 2005 година, иако ја задржа контролата врз воздушниот простор, заедничката граница и крајбрежјето.
Видете и ова: Хамас нуди ослободување на заложници во замена за прекин на огнотИнаку, денеска шефот на ОН Антонио Гутереш го денеска обиколи преминот Рафах, меѓу јужниот дел на Газа и Египет и предупреди дека два милиони луѓе во Газа страдаат ужасно. Гутереш рече дека разговорите се во тек за „ограничувања“ што ја спречуваат испораката на помош во Газа.
Стотици возила со хуманитарна помош чекаат дозвола за влез во Газа. Газа и понатаму е под опсада, а Израел го блокира снабдувањето со вода, електрична енергија, храна и гориво преку границата.
Палестинските власти соопштија дека бројот на загинати од 7 октомври во Појасот Газа се искачи на 4.127.
Видете и ова: Шефот на ОН: Два милиони луѓе страшно страдаатВо четвртокот беше погодена православна црква во градот Газа, за која црковните власти соопштија дека служела како засолниште за стотици раселени Палестинци.
Израел рече дека неговите авиони целеле на блиската база на Хамас што милитантите ја користат за лансирање ракети.