Мицкоски - Прифаќаме работни групи за утврдување датум за избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека се спремни за предлозите од СДСМ за разговор околу изборите и дека во партијата прифаќаат да бидат формирани работни групи за утврдување на датумот за одржување на изборите во 2024 и бара тие што поскоро да се сретнат.

„Еве им признавам дека победија, нема предвремени избори, редовни ќе бидат изборите“, вели Мицкоски по денешната посета на Општина Гази Баба.

Изјавата на Мицкоски доаѓа откако вчера премиеорт Димитар Ковачевски рече дека за учеството во работната група која треба да се формира, како партија се подготвени и дека секој понеделник се одржувала координација кај претседателот на Собранието каде присуствувале сите пратенички групи.

Видете и ова: Ковачевски: Не зборуваме за преклопување на датуми, туку за редовни избори

Ковачевски во одговор на новинарско прашање за прифатлив датум за избори, рече дека во моментов не зборуваеле за преклопување на датуми, ниту за конкретни датуми, туку за одржување на избори во редовен термин.

„За што конечно сите политички партии се сложија дека ќе бидат во редовен термин“, рече Ковачевски додавајќи дека наскоро неговата партија ќе одлучи кој ќе ја биде претставникот во работната група и кој ќе ја предводи.

Мицкоски денеска рече дека Ковачевски водел некоја чудна „мачо игра“ која не ја разбира.

„Не знам кој е тој кој го советува дека сега е моментот да биде мачо да каже дека нема предвремени избори, јас кажувам дата, верувајте се нека каже тој. Не сакаше лидерска средба, добро, сакаше работни групи, во ред еве прифаќаме работни групи. Сега ја одогловекува целата оваа ситуација не знам од кои причини. Првиот момент кога од другата страна ќе добиеме сигнал или од Талат Џафери ќе добиеме сигнал ние сме подготвени да номинираме претставници, коишто ќе бидат дел од овој процес“, вели Мицкоски.

Тој додаде дека смета оти работните групи за изборите мора да се сретнат со цел да ги дефинираат процесите, бидејќи изборите биле исклучително важни за иднината на Македонија.