Министерството за финансии на САД воведе нови санкции за претседателот на Република Српска Милорад Додик.
Според Министерството, санкции биле наметнати на „прорускиот националистички лидер на босанските Срби“, како и на други поединци и ентитети поврзани со него.
САД воведоа санкции против Додик на 5 јануари 2022 година, како и на 17 јули 2017 година, поради попречување на Дејтонскиот мировен договор.
Видете и ова: Додик одби да се изјасни за виновен пред Судот во Босна и ХерцеговинаНа списокот на министерството се и Горица и Игор Додик, синот и ќерката на претседателот на Република Српска.
Покрај нив, на списокот се и ресторанот „Агапе“ во сопственост на Горица и Ивана Додик, фирмата „Агровоќе“ која се поврзува со Горица, како и фирмата „Фрут Еко“ која се поврзува со Игор Додик, како и компанијата „Глобал Либерти“ кои се поврзани со Игор и Горица.
Додик исто така се наоѓа и под санкции на Велика Британија.