Хамас понудил ослободување на некои од заложниците во замена за итен прекин на огнот, додека продолжуваат разговорите за ослободување на 203-те заложници кои се држат во Газа, потврди Би-Би-Си.
Израел се уште не се согласил на тоа. Хамас не ги држи сите заложници. Некои ги држат други вооружени милитантни групи.
Нивното заробеништво во Газа им отежнува на израелските команданти кои планираат копнена инвазија.
Видете и ова: Шефот на ОН: Два милиони луѓе страшно страдаатИнаку денеска, израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија нови информации за 200-те заложници кои моментално се држат во Појасот Газа.
„Повеќе од 20 од нив се деца помлади од 18 години. Помеѓу 10 и 20 од нив се постари од 60 години. Повеќето од заложниците се живи“, се вели во извештајот.
Во соопштението на ИДФ се наведува и дека мртвите тела биле „однесени како заложници“ во Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври.