Новинарите на Си-Ен-Ен од египетската страна на граничниот премин Рафах видоа камиони од египетската Црвена полумесечина и Светската програма за храна (WFP) кои пристигнуваат во петокот наутро.
Камиони со основни лекови, залихи со храна и специјална храна за деца се на египетската страна кои чекаат да влезат во Газа.
Од двете страни на преминот Рафах се работи на поправка на преминот. Египетските власти во четвртокот започнаа со отстранување на цементните блокови во близина на Рафа, подготвувајќи се за отворање.
Видете и ова: Во воздушен напад во Газа погодена православна цркваГенералниот секретар на ОН Антонио Гутереш им се обрати на новинарите во близина на Рафах, велејќи дека се водат разговори за „ограничувања“ кои ја спречуваат испораката на помош во Газа.
„Ние активно работиме со сите страни за да ги разјасниме овие ограничувања за да можеме да ги испратиме камионите таму каде што се потребни. Треба да ги придвижиме тие камиони што е можно поскоро“, рече Гутереш.
„Имаме два милиони луѓе кои ужасно страдаат. Нема вода, нема храна, нема лекови. На Газа и треба сè за да преживее“, рече тој.