Подигнато е обвинение за дезертерство против американскиот војник Травис Кинг, кој минатиот месец беше депортиран во Соединетите Држави, откако во јули пребега во Северна Кореја.
За дезертерството во САД предвидена е затворска казна до три години. Кинг е обвинет и дека минатата година бил насилен со полицајци, нелегално поседувал алкохол, давал лажни изјави и друго.
Во јули, тој пребега преку границата со Северна Кореја, со што стана првиот Американец приведен во таа земја во речиси пет години. По речиси два месеци Пјонгјанг соопшти дека ќе го протераат.
Видете и ова: Северна Кореја не им одговара на САД за влезот на американски војник во земјатаНеговото ослободување беше олеснето од шведски официјални лица кои го одведоа Кинг до кинеската граница, каде што беше пречекан од американскиот амбасадор во Кина, Николас Барнс, шведскиот амбасадор во Пекинг и претставници на американското Министерство за одбрана.
Кинг потоа беше префрлен во американска воена база во Јужна Кореја пред да биде транспортиран во САД на 28 септември.
Бидејќи Кинг изјави дека доброволно ја преминал границата, во текот на целиот процес законски бил држан во воен притвор.