Брејвик ја тужи Норвешка поради условите во затвор

Норвешкиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик

Норвешкиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик, кој во 2011 година уби 77 луѓе, ја тужи државата поради условите во затвор.

Брејвик, кој има 44 години, отслужува затворска казна од 21 година, која може да биде продолжена.

Тој смета дека со тоа што е во самица 11 години, изолиран од другите затвореници, се крши на Европската конвенција за човекови права, изјави неговиот адвокат.

Судот во Осло соопшти дека Брејвик ќе биде сослушан во таа постапка, а судењето ќе трае од 8 до 12 јануари.

На 22 јули 2011 година, Брејвик, маскиран во полицаец, пукаше повеќе од еден час во учесниците на летниот камп на Работничката младина на островот Утоја и уби 69, главно тинејџери.

Видете и ова: Осудениот масовен убиец Брејвик ја тужи Норвешка

Претходно уби осум лица со бомба во близина на седиштето на владата во Осло.

Брејвик, кој ги обвини своите жртви за промовирање мултикултурализам, се наоѓа во затворот Рингерике на брегот на езерото Тирифјорден каде се наоѓа островот Утоја.

Во 2016 година, тој веќе ја тужеше норвешката држава поради затворски услови, но тужбата беше отфрлена, а Европскиот суд за човекови права ја прогласи неговата жалба за неприфатлива во јуни 2018 година.