Русија изврши уште еден бран напади со беспилотни летала и ракетни напади врз четири украински региони во текот на ноќта, соопшти украинската војска на 19 октомври, но повеќето од нив биле пресретнати и уништени од воздушната одбрана.
Вкупно 17 беспилотни летала и проектили беа лансирани против инфраструктурни, цивилни и воени цели во регионите Доњецк, Миколајев, Суми, Днепропетровск и Запорожје, се наведува извештајот на украинската воздушна одбрана.
Украинската воздушна одбрана соопшти дека ја соборила ракетата Kh-59 и три беспилотни летала.
Претходно, на 19 октомври, регионалниот гувернер Виталиј Ким објави дека јужниот регион Миколајев повторно бил погоден од крстосувачка ракета.
„Во нападот е оштетен магацин и неколку станбени згради во градот Миколајев“, напиша Ким на Телеграм.
Видете и ова: Неколкумина загинати во руски ракетен напад на станбена зграда во УкраинаТој додаде дека немало жртви во нападот. Локалните жители на социјалните мрежи објавија дека слушнале неколку експлозии во градот.
На 18 октомври, во руски ракетни напади врз станбени згради загинаа неколку цивили во Украина, вклучително и две лица во областа Миколајев и пет лица во јужниот град Запорожје.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди нападите.
„Ќе направиме се за терористичката држава да сноси правична одговорност. Рускиот терор мора да изгуби“, додаде тој.
Русија постојано гранатира и изведува воздушни напади врз украинските градови, убивајќи и ранувајќи цивили и предизвикувајќи голема штета на цивилната и енергетската инфраструктура.
На бојното поле, украинските сили водеа околу 80 блиски битки долж линијата на фронтот во изминатите 24 часа, соопшти Генералштабот на украинската војска на 19 октомври.