Безбедносните мерки во Босна и Херцеговина се подигнати на повисоко ниво поради стравувањата од можно прелевање на кризата од Блискиот Исток. Ова го изјави министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ за новинската агенција СРНА.
Според него безбедносната состојба во Босна и Херцеговина во моментов е добра.
„Ги следиме настаните и во регионот и во светот и очекуваме ниту еден настан да не изненади“, изјави Нешиќ.
Инаку, австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер на 18 октомври изјави дека Австрија го подига нивото на предупредување за закана од тероризам.
Тој на прес-конференција во Виена рече дека тоа е таканаречениот „портокалов код“, односно второто највисоко можно ниво на безбедност.
Како што објави австрискиот печат, тоа значи дека оценката на властите е дека постои конкретна закана и зголемен ризик од напад во Австрија и дека е донесен поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и терористичкиот напад. во Брисел пред три дена кога две лица беа убиени во престрелка во близина на центарот на тој град.
Видете и ова: Израел изврши напади врз Газа во изминатите 24 часа, соопшти војскатаКако што објави австрискиот печат, тоа значи дека оценката на властите е дека постои конкретна закана и зголемен ризик од напад во Австрија и дека е донесен поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и терористичкиот напад во Брисел пред три дена кога две лица беа убиени во престрелка во близина на центарот на тој град.
Последен пат безбедноста во Австрија беше подигната на ова ниво по терористичкиот напад во центарот на Виена на 2 ноември 2020 година, во кој загинаа четири лица, а повеќе од 20 беа ранети.
Инаку, на 7 октомври палестинската милитантна група Хамас го нападна Израел при што загинаа најмалку 1 400 луѓе. Израел возврати со масовно гранатирање на окупираниот Појас Газа, во кое досега загинаа најмалку 3500 луѓе.